Склучен меѓународен протокол помеѓу НСДА и ГС УПОИП Независност

Во интерес на меѓународната соработка при синдикалното делување како и заедничката поддршка и цели, на 03.12.2019 во Врњачка Бања, Р. Србија е склучен Меѓународен протокол за соработка на ГС УПОИП НЕЗАВИСНОТ преставуван од претседателот Драган Чабриќ и Гранскиот Независен Синдикат на Државна Администрација претставуван од претседателот Горан Ристески.
Со овој протокол двете страни се согласуваат да ги здружат своите капацитети за постигнување на трајни и континуирани билатерални соработки, како и развој на соработката во заеднички европски мрежи и партнери.
Двата грански синдикати во иднина ќе посветат внимание на заедничка соработка во заедничките области како што се:
1. Прашањето на квалитетот и капацитетот на институциите и социјалниот дијалог;
2. Прашањето за модернизација на законодавството по примерот на најразвиените европски држави;
3. Прашањата поврзани со унапредување и модернизација на синдикатите;
4. Прашањето поврзано со медиумската слобода;
5. Работа во заеднички проекти поврзани со подобрување на условите за работа и условите за заштита при работа;
6. Заеднички информативно – едукативни кампањи и апликации на меѓународни проекти;
7. Размена на стекнати искуства како и организација на студиски и факултативни посети на членовите и претставниците од овие две организации.
Во интерес на подетална разработка на протоколот, двете страни покажаа и спремност на годишно ниво да ги разработат своите приоритети и да ги конкретизираат своите активности преку потпишување на редовни годишни договори.