
Почитуван Премиер на РМ г-дин Зоран Заев,
Ние, вработените од Министерството за Внатрешни Работи, посебно Униформираните полициските службеници и инспектори, БАРАМЕ прием и средба кај Вас на која што сакаме да Ве запознаеме, и да Ви Укажеме на состојбата која што владее во Полицијата на РМ, воедно и во државата и која што се однесува на неправедната, дискриминаторска, состојба на Униформираните полициски службеници и инспектори од МВР во однос на се друго во државата.
Полициските службеници во Република Македонија заслужуваат подобри и поквалитетни услови и за живот и за работа. Дозволете и помогнете ни заеднички да допринесеме за враќање на ДОСТОИНСТВОТО во Полицијата.
Ајде заеднички да допринесеме за „Враќање на ДОСТОИНСТВОТО во Полицијата“
„Само кренат глас ќе се слушне, само крената глава гледа сонце“
Leave a Reply