Учество во презентација на Меѓународната канцеларија на трудот

На 4 јуни 2018 година, претседателот на КСОМ, Марјан Ристески и главниот генерален координатор на КСОМ, Гоце Делчев Тодев, учествуваа на презентацијата на техничките коментари на Меѓународната канцеларија на трудот за Законот за работните односи. Презентацијата беше организирана од страна на МОТ – Меѓународна организација на трудот, во хотелот „Арка“. На истата присуствуваше г-ѓа Кристина Михеш, експерт за социјален дијалог и трудово право од канцеларијата на МОТ за Централна и Источна Европа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*