Правата на работниците не се штитат со молк

– Бараме комплетна измена на Законот за работни односи, не козметички измени, вели Марјан Ристески од Конфедерацијата на синдикални организации.

Независните синдикални организации бараат што побрзо да се оствари ветената реконструкција на овој закон, како и прекин на работата на извршителите.

– Овој грабеж, оваа пљачка што ја прават извршителите, мора конечно да и ставиме крај, рече Ристески.

Маршот е најавено да почне пред МРТ во 11 часот.

Од најголемиот синдикат во Државата, Сојузот на синдикатите на Македонија, се уште нема најава за активностите за Денот на трудот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*